Краткиот документарен филм „Зр, Зр“, посветен за манастирот „Свето Преображение – Зрзе“ на младиот кино аматер и фотограф од Прилеп Горан Попоски е одличен видео запис кој ќе ве запознае со легендите, мистериите и историја на овој манастир.
Манастирот Зрзе се наоѓа на 34 км оддалечен од Прилеп, на 1,000 метри надморска височина, во подножјето на дел од планинскиот масив Даутица. Изграден е врз една огромна бигорна карпа и е еден од најубавите во Македонија.
Погледнете, научете и уживајте во прекрасната глетка: