(Видео) МИЦОТАКИС ГО ОБBИHИ ПРЕМИЕРОТ: Ципрас лаже седум дена во неделата за да не биде поразен на изборите

Лидерот на најголемата опозициона партија во Грција “Нова Демократија”, Киријакос Мицотакис, го обвини грчкиот премиер Алексис Ципрас дека лаже седум дена во неделата само да избегне катастрофален пораз на изборите.

Мицотакис вели дека Ципрас ќе изнесе уште лаги до 26 мај, кога во Грција ќе бидат одржани редовни избори за Европскиот парламент и локални избори.

Лидерот на грчката опозиција вели дека граѓаните добро го познаваат Ципрас и неговата ефикасност и дека ќе направат се за да излезат од “магичниот круг на сиромаштијата”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.