Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ, им се обрати на навивачите со видео порака, по ревијалната утакмица на легендите на овој клуб и легендите од Реал Мадрид.
Мечот е одригран во склоп на прославата за 110 години од постоењето на Болоња, а Михајловиќ се извини за тоа што не беше на стадионот.
– Жал ми е што не бев на натпреварот меѓу Болоња и Реал, но неодамна излегов од болница и навистина сакав да бидам дома со семејството. Се надевам ќе ме разберете- рече Михајловиќ.
#LaPartitaDelleLeggende: il meraviglioso messaggio di #Mihajlovic proiettato allo stadio per i 110 anni del #Bologna pic.twitter.com/62EHaMj0sV
— Tuttomercatoweb (@TuttoMercatoWeb) October 9, 2019