Најновиот џиновски кратер кој се појави во Сибир ги загрижува научниците кои го истражуваат и тоа поради повеќе причини.
Меурот од насобран метан, кој долго време растел под вечниот мраз во Сибир, кој сега започнува да се топи, создал ekcплозиja и создал огромен кратер длабок 50 метри.
Оваа џиновска дупка за прв пат ја забележал телевизиски тим кој го истражувал ова подрачје, а според наводите на списанието “Сајбериан Тајмс”, кога научниците започнале да ги истражуваат овие појави, пронашле парчина на мраз и карп отфрлени на стотици метри од епицентарот.
Не е со сигурност утврдено дека овој кратер е настанат како последиц на климатските промени. Меѓутоа, во 2014 година нешто слично се случи на полуостровот Џамал, на северозападот од Русија, по низа на неколку топли лета, пишува “Сајенс Алерт”.