Суштество со необичен облик се појави на плажа во Нов Зеланд и ги преплаши сите кои го видоа.
Како желе, со црвена и бела боја, морското суштество кое се насука на плажата изгледа како да не е од овој свет, меѓутоа Националниот институт за вода и атмосфера во Нов Зеланд го идентификуваше.
Се работи за “Лавовска грива” една од најголемите медузи во светот. Адам Дикинсон, кој заедно со сопругата Ева и децата ја посетиле плажата, вели дека медузата била голема речиси половина метар.