Локален фармер кој живее во близина на градчето Орсдала на северозападниот дел од Јужноафрикаската Република, ја споделил снимката од безбедносните камери на која се гледа удар на метеорит во земјата.
Според неговите зборови, во саботата вечер околу 18:50 часот по локално време, луѓето наводно виделе “светлина” која паѓа од небото и на почетокот мислеле дека станува збор за срушен авион.
Фармерот рекол дека група на луѓе започнале потрага, но набрзо потоа откриле дека се работи за метеорит.
Постои можност истиот метеор да го “запалил” небото на Кина неколку моменти порано.
Сведоците останале шокирани од заслепувачката светлина која брзо се претворила во облик на “огнена топка”.
It looks like ZLAF9B2 hit the atmosphere over Botswana. There are reports of a vapor trail seen there. Plot is from Bill Grey https://t.co/ylIPUgKPhY pic.twitter.com/pqxf1oACBi
— Asteroid Initiatives (@AsteroidEnergy) June 3, 2018