На вчерашната седница во Собранието каде се дискутираше за избор на потпретседател, дојде до жестока дискусија помеѓу пратениците од власта и опозицијата.
Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ реплицирајќи му на Горан Мисоски од НСДП, истакна дека во времето кога ВМРО-ДПМНЕ и НСДП беа во коалиција, Мисовски поминувал повеќе време во штабот на ВМРО-ДПМНЕ отколку самиот Илија Димовски.
“Не можеше да се дојди до Никола Груевски од некои други луѓе кои што не беа од ВМРО-ДПМНЕ”, истакна Димовски.