Работници за јавни работи во Флорида, откриле нешто несекојдневно: мал, клаустофобичен тунел кој води до банката Чејс, соопшти ФБИ.
Тие после пријава на граѓаните дека се појавила дупка на патопт излегле на терен да ја санираат. Меѓутоа, откриле дека дупката всушност е тунел од околу 445 метри, кој внатре имал кабли и генератор.
-Многу е мал и клаустофобичен – рекол агентот на ФБИ, Мајкл Левенрок, кој ја води истрагата.
Тунелот не води точно до банката, но ФБИ сега истражува можен обид за грабеж кој е можеби планиран. Засега никој не е уапсен.
-Целеле на банкоматот. Не гледам друга причина – рекол Левенрок.