(Видео) Мирно ловеше риби, а потоа фати нешто големо: Огромната риба за малку ќе го повлечеше во морето, но тој не се откажа

Џон Виздом од Флорида мирно ловеше од мост, кога за неговата јадица се фати огромна риба.

Јадицата не ја испушташе од раце, но не знаеше со што си има работа. Беше сигурен дека ќе биде голем улов, бидејќи беше потребна голема сила да се избори со рибата.

Трчаше по мостот кој го поврзува островот Санибел со Флорида, а другите рибари мораа да се тргнат од патот.

Иако можеше во секој момент да падне во вода, тој не се откажа. Набрзо и рибата се измори, па Џон мораше да влезе во вода како би ја извлекол:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.