„Во авион штотуку примив одлична вест… добивме датум за старт на преговори за членство во ЕУ! Советот на министри за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, на денешната седница донесе одлука од јуни 2019 г. да започнат преговорите за членство во ЕУ” – Зоран Заев.
Поминаа повеќе од две години откако беше направена оваа култна фотографија, која веројатно ќе ја има во учебниците по историја од кои ќе учат некои идни генерации.
Но, ова не е се’. Пемиерот имаше уште неколку емотивни обраќања од собраниската говорница, каде им посака на опозициските пратеници да “пукнат” зошто не го “решиле” деценискиот проблем на државата.
– Во јули 2018 во Собрание лажеше дека има датум за ЕУ, манипулирајќи ги и своите симпатизери.
Најголеми кловнови од ваквите лаги на Заев, и тогаш и денес, испаднаа министрите за надворешни и евроинтеграции, Османи и Димитров, кои климаа со главите додека Заев ги лажеше граѓаните, напиша на Твитер пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.
Во јули 2018 во Собрание лажеше дека има датум за ЕУ, манипулирајќи ги и своите симпатизери.
Најголеми кловнови од ваквите лаги на Заев, и тогаш и денес, испаднаа министрите за надворешни и евроинтеграции, Османи и Димитров, кои климаа со главите додека Заев ги лажеше граѓаните! pic.twitter.com/buCmO5lmbb— Antonio Macedonian (@AMiloshoski) November 16, 2020