Директорот на “Тесла” Илон Маск доживеа голем неуспех при претставувањето на “Сајбертрак” кога се скрши “непробојното” стакло на возилото.
Шефот на дизајн на Тесла, Франц фон Хозхаусен фрлаше метална топка за време на демонстрацијата во левиот прозор, а стаклото неочекувано испука пред очите на публиката.
Акциите на Тесла загубиле голема вредност по инцидентот, а Маск останал без 770 милиони долари, објави Форбс.