(ВИДЕО) Миле Талевски, губитникот од Прилеп, повторно прави револт во јавноста

Горди сме затоа што СДСМ заврши над 90% од овој капитален инфраструктурен проект. Станува збор за делница долга 10,2 километри, со вредност над 33 милиони евра, која има огромно значење не само за Прилеп и прилепчани, туку и за целиот Пелагониски регион, истакна на денешната прес конференција единствениот пратеник на СДСМ од Прилеп и човек кој додека беше прв човек на партијата во градот под Марковите Кули, ги загуби сите можни избори.

Тој додаде дека во мандатот на СДСМ биле целосно завршени двата тунели со вредност од околу 6 милиони евра, биле асфалтирани 95% од трасата и изведени сите клучни елементи: 21 мост, 11 потпорни ѕидови, 15 пропусти, 1 вијадукт и 1 галерија.

„Ова не е само пат, туку животна артерија за економијата, транспортот и безбедноста во регионот. Нашата работа зборува сама за себе“, додаде тој.

Во однос на активностите на актуелната власт, Талески беше јасен:

„Што направи ВМРО-ДПМНЕ за една цела година? Заврши само мал дел, санира едно свлечиште, постави бетон од 10 метри, дел од сигнализацијата и оградите. И потоа, секако, сликање пред камери и китење со туѓи перја“.

Тој подвлече дека, и покрај тоа, најважно е што патот конечно е завршен и достапен за граѓаните, и потсети на низа други проекти изведени во мандатот на СДСМ, како експресниот пат Градско–Дреново, обновата на делницата кај Плетвар, патот до езерото кај Прилеп, како и почетокот на автопатот Прилеп–Битола, дел од Коридорот 10д.

„СДСМ сериозно инвестираше во патната инфраструктура и ние ќе продолжиме по тој пат. Благодарност до сите градежници, инженери и проекти кои ја реализираа оваа важна делница“, истакна Талески на крајот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.