(Видео) Мизрахи до Заев: Дедо ми е тeпaн со палки по табаните- дали уште стоите на ставот дека тоа било администрација?

На денешната собраниска седница пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи ги посочи со фотографии од собраниската говорница, членовите на нејзиното семејство кои се однесени во логopoт Треблинка во 1943 година и не се вратиле од таму, освен нејзиниот дедо, па го праша Зоран Заев дали сеуште стои на ставот дека тепањето на најзиниот дедо по табаните со палка било администрација.

-Господине Заев дали знаете кој е овој, тој е Страшо Пинџур чие тело било однесено во непозната локација, а началникот го опишал неговото мачење, па бил тепан до cmpт, господине Заев ова е Мирче Ацев прогласен за државен непријател на бугарската фашистичка okyпаторска власт во Македонија кој имал дури 27 година само исто како Страшо Пинџур, за него велат дека одбил да даде било какви податоци па бил тепан по табаните, знаете оние тeпањa со палки по табаните „сичко знам, сичко ќе приказвам“ и дедо ми е тeпaн со нив дека немало бугарски фашистички окупатор, истакна Мизрахи.

Мизрахи му посочи на Заев за Мучето како граѓанин на Струмица кој бил убиен на струмичките улици од kypшум на бугарски полицаец, нешто кое било напишано на споменикот за кој сега тој наредил со електрична брусилка да се избрише зборот бугарски од споменикот, за кое Заев признал јавно.

-Дали господине Заев сеуште стоите на ставот дека Бугарија во времето на Втората светска вojна била администратор на Македонија, а не фашистички okyпатop оти мојата фамилија не е отепана со пенкало, дали уште стоите на ставот дека бугарските вojски ги ослободувале Крива Паланка, Куманово и Скопје, свесни ли сте дека со изјавата за БГНЕС дека Петрич и Струмица зборат на ист јазик дали е бугарски или македонски сте на иста линија со негаторските политики на нашиот источен сосед со кои се негира постоењето на македонскиот јазик и негово сведување на нормата на бугарскиот јазик, па по тоа дали зборувате на македонски или на бугарски јазик и ако говорите на македонски јазик, тогаш дали петричкиот дијалект е дијалект на македонскиот јазик ? – праша пратеничката Рашела Мизрахи од собраниската говорница.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.