Германската канцеларка Ангела Меркел апелираше денеска до сонародниците да ги намалат контактите за време на Божиќ, истакнувајќи дека на улниците практично ги молат граѓаните да се држат до научните патокази.
Секогаш воздржаната и студена, Меркел сега во емотивниот настап, на ивица да не заплаче, ги замоли Германците да се придржуваат до пропишаните мерки.
„Бројот на контакти е преголем, навистина ми е жал, но ако цената која ја плаќаме е 590 cmpтни случаи дневно, тогаш тоа според мене е неприфатливо“, рекла видно вознемирената Меркел.
Обраќајки им се на пратениците, Меркел рекла дека ограничувањата се воведени на почетокот на ноември не се покажале како ефикасни.
„Ако имаме премногу контакти до Божиќ, на крајот тоа ќе биде последниот Божиќ со нашите дедовци и баби, тогаш ќе направиме нешто погрешно. Не смееме да дозволиме ова да се случи“, рекла таа.