(Видео) Мароко пишува историја: Моќната Португалија на колена

Мароко е во полуфиналето на Светското првенство во Катар, откако во четвртфиналниот натпревар ја совлада Португалија со 1:0.

Стрелец на решавачкиот гол беше Јусуф Ен Несири во 42. минута.

Ова е прв пат во историјата африканска репрезентација да се пласира во полуфинале на Светско првенство!

Тимот на Фернандо Сантос во поголемиот дел од натпреварот го имаше поседот на топката, но ниту Гереиро во 13. минута ниту Жоао Феликс во 31. минута не успеаја да ги реализираат шансите. Но, Мароканците не беа безопасни. Се обидоа преку Бафало и Амала, а Ен Несири беше постојана закана кон голот на Диого Коста.

Токму напаѓачот на Севиља беше главниот актер на клучниот момент во првото полувреме, кога во 42. минута со глава го “собра” центаршутот на Атија Алах и го искористи ударот на Диого Коста кој непотребно излета.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.