ВИДЕО: Манипулациите на Заев за аболицијата за „Глобал“

Зоран Заев останува единствениот аболициран политичар во земјава, откако претседателот Ѓорге Иванов вчера донесе одлука да ја укине аболицијата за 22 лица политички експонирани. Опозицискиот лидер веќе подолг период ја манипулира јавноста за аболицијата поврзана со случајот „Глобал“, бидејќи првиот човек на СДСМ се уште не побарал укинување на аболицијата.

zaev-gl

Десетина дена откако беа донесени измените на Законот за помилување, со кои се овозможи досега аболицираните да побараат од шефот на државата да биде повлечено нивното помилување, а и од кога лидерот на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека сака да ја симне од себе аболицијата дадена и за случајот „Глобал“ од 2008 година, такво нешто се` уште не се случило.

Заев, чија политичка кариера ја одбележа токму чинот на помилување од Бранко Црвенковски во 2008 година, под притисок на јавноста минатата недела излезе со став дека ќе ја повлече аболицијата.

-Од 2008-ма Зоран Заев бара повлекување на аболицијата, тогаш не ми беше дадена правна можност да ја повлечам аболицијата, ниту бев прашан за оваа работа. Сега имам правна можност и ја обжалив пред Апелација и пред Стразбир и аболицијата од 2008-ма година ако ми се даде можност веднаш ќе побарам да биде повлечена, или ако има било каква можност Ѓорге Иванов или било кој во оваа земја барам да биде укината, рече Заев на прес-конференција.

Наспроти ова, јавноста добро ја памети изјавата на Заев во 2008 година дадена веднаш по аболицјата од Бранко Црвенковски за криминал тежок 8 милиони евра. Заев тогаш рече дека немало да ја коментира одлуката на Црвенковски.

-Аболицијата дадена од страна на претседателот Црвенковски нема д аја коментирам во јавноста. Тоа е сепак негово уставно и зкаонско право, рече помилуваниот Заев со солзи радосници во 2008 година.

Заев со уште петмина во средината на јули 2008 година за случајот „Глобал“ заврши во притвор. Неколку месеци претходно, за нив МВР поднесе кривични пријави за злоупотреба на службената положба и овластување. Нема податоци со каква квалификација е делото, но имајќи предвид дека во кривичната пријава, а подоцна и во обвинителството тврдеа дека противправно е стекната имотна корист од над 8 милиони евра, веројатно, се работи за потешка квалификација за која Kривичниот законик предвидува казна од минимум три, односно пет години затвор.

Аболицијата на Заев со која практично прекина гонењето беше потпишана од Бранко Црвенковски на 3 август 2008 година и трае до денес.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.