Францускиот претседател Емануел Макрон не му персира на претседателот на Русија Владимир Путин, а тоа може да се слушне на видео снимката која беше објавена на Твитер по наредба на францускиот претседател.
Ова кратко видео е направено за време на летот за Австралија, каде Макрон има тридневна посета, а на видеото се слуша како францускиот претседател со својот руски колега разговараат како цел живот да се познаваат, пишуваат француските медиуми.
“Фала Владимире што го прифати мојот повик. Сакав, всушност, да разгварам со тебе за …”, го започна разговорот Макрон.
En ligne avec Vladimir Poutine, pour un nouveau point ensemble. L'Iran ne doit jamais posséder l'arme nucléaire. La stabilité de la région et la sécurité internationale en dépendent. Nous y travaillons, comme nous devons aussi œuvrer pour une paix juste en Syrie. pic.twitter.com/3LJms46XIx
— Emmanuel Macron (@EmmanuelMacron) April 30, 2018