Со два гола на Елиф Елмас, Македонија ја победи Словенија со 2-1 во квалификациски меч за Европското првенство. „Дијамантот“ блесна најсилно досега и донесе три многу важни бодови за нашата репрезентација.
Атомсферата на трибините беше неверојатна, а радоста кај навивачите беше голема. Сепак Македонија доминираше па македонските навивачи, македонската фаланга немаше многу потреба од грижи па се одлучи во повеќе наврати да испрати политички пораки. Имено јасно е дека мнозинството на граѓани е против промената на името, a тоа го потврдија и навивачите на стадионот Филип II во текот на вчерашниот ден кои се одлучија уште еднаш да ја испратат истата порака.
Видеото погледнете го ТУКА