(ВИДЕО) Македонец спречи терористички напад на летот Лутон – Глазгов, патникот извикувал „Алах Акбар”

Македонецот Зоран Настески успеал да совлада човек кој извикувал во авионот дека има бомба. Како што се гледа и на видеото, човекот извикува „Алах Акбар“, а Македонецот го спречува инцидентот. Човекот Зоран Настески видеото го прикачил од неговиот профил на Јутуб, како што може да се види. Инцидентот се случил вчера на лет на easyJet од Лутон до Глазгов.

Иако првично српските портали објавија дека станува збор за српски државјанин сепак се работи за Македонец како што ни јавувате вие во порака. Ова доведе до принудно слетување на преполн авион на аеродромот во Глазгов.

Напаѓачот потоа беше врзан со лисици и шест полицајци го извлекоа од авионот, додека преплашените патници останаа во солзи.

На видеото се слуша како напаѓачот вели: „Сакав да му испратам порака на Трамп… тој е во Шкотска“.

Се вели во објавата на Инстаграм профилот @24Chasa.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.