(Видео) МАЕСТРАЛНО: Македонец со прекрасна изведба на познатиот хит од Владо Георгиев

Македонскиот пејач Виктор Постолов ја изненади јавноста со летен музички проект и преработка на големиот хит „Шта би пријатељи моји“ од Владо Георгиев.

Зад успешната реализација на овој проект, кој е само најава за серија нови проекти, стојат Виктор Постолов (вокал), Маријан Стоименов – Ѕика (аудио) и Алек Тасевски (видео продукција), а во видеото се појавуваат и Ѓорги Петрушевски (гитара), Јордан Петрушевски (конги) и Леа Ристиќ (модел во видеото).

Постолов е член на музичкиот состав „Театро Бенд“ со кои настапува ширум нашата земја, а за наредниот период планира да објави уште неколку нови проекти.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.