Автомобилските експерти направија список од најдобрите автомобили на шефовите од државите.
На прво место се најде “Ролс Ројс Силвер Спур” на султанот од Брунеј, лимузина со шест врати, облеана со злато. Вреди 14 милиони долари.
Второто место му припадна на “Папамобилот”, кој е направен специјално за католичката црква. Мерцедес Г класа, кој е модифициран за римскиот поглавар од 1980 година и “Мерцедес” G500, кој му е подарен на папата во 2007 година, наведува рускиот портал “Спидми”.
Најдобрата тројка ја комплетира “аурис сенат”, руско производство, кој пошироката публика можеше да го види на инаугурацијата на претседателот на Русија, Владимир Путин, на 7 мај 2018 година.
На четврто место се најде “Кадилакот”, автомобил кој американскиот претседател Барак Обама започна да го користи во 2009 година. Техничките карактеристики на ова возило сеуште не се откриени.
Нанјеобичното возило на листата е “бубата”, призведена во 1987 година. Сопственик на автомобилот е поранешниот претседател на Уругвај, Хосе Мухика. Вредноста на овој модел се проценува на 1.800 долари.