Изгледа дека и на светските лидери им годи мало оговарање во врска со нивните колеги.
Имено, францускиот претседател Емануел Макрон беше снимен како со канадскиот премиер Џастин Трудо зборуваат за Доналд Tpaмп, и тоа по неговиот говор на НАТО самитот во Лондон.
World leaders caught on camera seemingly joking about Trump behind his back at the Nato summit pic.twitter.com/27uDkxRscx
— The Independent (@Independent) December 4, 2019
Видеото е од приемот во Бакингемската палата, каде тие се видени како разговараат со Борис Џонсон и холандскиот премиер Марк Рут, а може да се слушне како се шегуваат за “40-минутната прес-конференција на Tpaмп”, која каснеше долго време.