(Видео) Куќата на Tpaмп на продажба: Никој не сака да го купи имотот на кој пораснал американскиот претседател

Куќата во Њујорк, во која израснал американскиот претседател Доналд Tpaмп повторно се продава- четврт пат во 4 години, а продавачот бара дури 3 милиони долари.

Oстанатите куќи на подрачјето “Jamaica Estates”, богатото предградие на Њујорк, се продаваат за околу 1,3 милиони долари.

Таткото на американскиот претседател, Фред, во 1940 година ја изградил куќата со пет спални соби, отворен камин и тесен влез.

Во 1950 година, кога Доналд имал само четири години, семејството се преселило во вила со 23 соби, која Фред ја изградил на две соседни парцели позади оваа куќа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.