Видео на лути њујорчани како исфрлуваат жена, која не носи маска во продавницата, се рашири на социјалните мрежи.
Снимката од 21 секунда е прегледана неколку милиони пати и се прикажани пет клиенти кои напаѓаат жена која не носи маска во продавницата, иако е утврдено дека сите мора да ги носат на јавни места.
„Оди си од тука“, викаат кон жена, која, фрустрирана од ситуацијата, само ги крева рацете во воздухот.
На крајот, таа се откажува од дискусија со борбените луѓе и излегува од продавницата, а некои отишле по неа за да се уверат дека таа навистина си заминала.
Staten Islanders with masks drive out non-mask wearing person in grocery store. #Coronavirus pic.twitter.com/iPQwk7lD9y
— McAuley (@McauleyHolmes) May 25, 2020
Социјалните медиуми развија движење на срам за секој што не носи маски на јавни места. Сите Њујорчаните се обврзани да ги покријат носот и устата во продавниците и другите места каде што не е можно одржување на растојание.