(ВИДЕО) Купиле “ѓубре” од интернет и во него пронашле голема количина злато

Screenshot_2-45-640x336

Ник Мед и Тод Чемберлин купиле стар тенк на Ибеј за 30.000 фунти, а во неговата внатрешност пронајдоа златни плочки.

“Дали е тоа она што мислам дека е? Колку е тешко, дали е тоа злато? Тежи околу 5-6 килограми!”, извикуваше Мед додека го извлекуваше златото.

Откако го извлекоа богатството од тенкот Т54, кој е произведен во Кина, двајцата пријатели повикале полиција за да го пријават златото.

“Не мислев дека ова некогаш ќе го направам, но мора да повикаме полиција. Не знам дали вреди милиони или стотина илјади фунти. Но сигурно не сакам да премолчам дека пронајдов богатство”, вели Мед.

Тој се занимава со препродавање и изнајмување на тенкови.

Иако знае дека мали се шансите, тој се надева дека на крајот сепак ќе го задржи златото. Откако Мед повикал полиција, двајца полициски службеници ја посетиле неговата работилница. Му испишале признаница, а сега златото е во сефот на Лондон.

Мед претпоставува дека истрагата ќе биде спроведена и во Кувајт, како би се утврдил одговорот дали златото е украдено за време на ирачката инвазија во 1990 година.

Портпаролот на полицијата во Нортемптон за Дејли Меил вели дека не може да го коментира случајот бидејќи истрагата е во тек.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.