(ВИДЕО) Крушево на нозе! Нико Чонески ќе е идниот градоначалник

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата вечерва на митинзи во Пелагонискиот регион. Во Крушево на голем народен собир беше најавена победата на кандидатот за градоначалник, Нико Чонески, човекот кој ветува дека ќе го врати еснафскиот дух на највисокиот град на Балканот.

Пред стотиците подржувачи се обрати и премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој порача:

-Крушево заслужува иднина и надеж. Денес сум тука за да ви кажам дека Крушево ќе го има главиниот фокус, Куршево ќе биде во најострата оптика на владата. Но и на локалната самоуправа после овие локални избори, каде се одлучува за твоето маало, твојот човек, кој ќе ве застапува во општината за вашата заедничка иднина. А да се има ваш човек во општината значи да се има пријател, потпора преку која можете да ги решавате проблемите и донесете решение кое ќе значат подобар живот, истакна Мицкоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.