(ВИДЕО) КОЈ Е МИСТЕРИОЗНИОТ КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА Прилеп?!

Прилеп не памети вакво шаренило на кандидати за градоначалници какво што има за престојните локални избори во октомври. На гласачкото ливче ќе се најдат дури 8 имиња, половина од политичките партии, а за прв пат и четворица независни кандидати.

Еден од нив е Љупчо Дунимаглоски, стопанственик кој е предложен од група избирачи и кој преку видеа на социјалните мрежи веќе почна да ги промовира своите идеи.

Во време кога политичките партии ги имаат сите предности, кога зад себе имаат цели ПР тимови кои работат на нивните кандидати и користат средства од буџетот на државата за рекламирање, заслужуваат да бидат видени и слушнати и ваквите навидум обични луѓе, кои имаат свои идеи за развој на градот.

Дунимаглоски во едно од своите обраќања ги критикува сите политички чинители, дека од Прилеп направиле да стане 13-ти град во Македонија, иако според него се наоѓал на трето место и по население и по економски развој.

Станува збор за 62-годишен наш сограѓанин, а неговото обраќање можете да го погледнете ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.