Угледниот француски магазин “Франс фудбал” започна избор на најубави голови во утакмиците за клубски првак на Европа, вклучувајќи го и Купот на европските шампиони, кој е претходник на денешната Лига на шампиони.
Во историјата на натпреварувањата постигнати се речиси 19.000 погодоци, а меѓу најдобрите е и оној на Дејан Савичевиќ во финалето во 1994 година.
Поранешниот “ас” на Црвена Ѕвезда, тогаш во дресот на италијанскиот гигант Милан, фантастично го лобуваше Зубизарета и допринесе за триумф од 4-0 во Атина.