(Видео) Копал бунар и пронашол сафир вреден 100 милиони долари

Владата на Шри Ланка соопшти дека е пронајден најголемиот кластер сафир во светот во дворот на еден трговец со скапоцености.

Трговец со скапоцености пронашол огормен камен додека копал бунар во неговиот двор во Ратнапура, област богата со драгоцени камења. Се проценува дека вредноста на сафирот изнесува околу 100 милиони долари.

Кластерот, односно џиновскиот сафир, тежок е околу 510 килограми, односно околу 2.5 милиони карати.

“Човекот кој го копал бунарот не извести дека пронашол многу редок камен. Потоа го разгледавме овој примерок”, вели за БиБиСи сопственикот на каменот, кој не сакаше да го открие своето име, ниту местото на кое живее.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.