(ВИДЕО) Концерт на младиот талентиран пијанист од Прилеп – момче пред кого претстои блескава кариера

Aрсениј Ангелески од Прилеп е ученик во музичкото училиште “Ордан Михајлоски-Оцка” во класта на професорката Христина Никоска.

Неговиот талент на пијано е одамна познат, а минатата недела младиот прилепски виртуоз на пијано го имаше и својот прв пијано рецитал.

Присутните во фоајето на домот на културата “Марко Цепенков” уживаа во делата на Бах, Лист, Клементи, Рахмањинов и Шостакович, а младиот пијанист уште еднаш ја покажа својата неоспорна талентираност, посветеност и неверојатна музикалност.

УЖИВАЈТЕ:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.