Видео: “Конкурсот за Претседатели на ОО на СДСМ распишан, Костадинов кажа губитниците да одморат??”

МАКЕДОНИЈА(Видео) Костадинов:Започна процесот на самокандидарање за претседатели на општинските организации на СДСМОбјавено пред 1 минута – 28 мај, 2019Од Макфакс

,,СДСМ суштински се менува во интерес на граѓаните и државата.Демонстрираната одговорност пред граѓаните и донесените одлуки за промени се во функција на забрзување на напредокот на земјата, обезбедување подобри услови во општеството и подобар живот за сите наши граѓани. Преку јавен, отворен повик, денеска започнува процесот на самокандидарање за претседатели на општинските организации на СДСМ, откако со одлука на претседателот сите претседатели на општинските организации беа разешени”, изјави Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Тој ги повика сите заинтересирани членови на партијата кои ги исполнуваат критериумите согласно правилникот за кандидирање и избор на претседател за општинска организација, да поднесат кандидатури.

Отворениот повик и критериумите се веќе објавени на веб-страната на партијата и во печатените медиуми.

,,Отворени сме за сите оние кои сакаат да се вградат во овие внатрешни и системски промени, оние кои уживаат висок авторитет, углед и доверба во нивните средини ги повикуваме да се пријават на овој јавен повик.Ги охрабруваме претседателите на општинските организации каде што беше забележана победа на изборите повторно да се кандидираат. СДСМ има огромен потенцијал. Да го впрегнеме заедно, целокупниот капацитет во интерес на граѓаните и иднината на државата, да им служиме уште подобро”, изјави Костадинов.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.