Холандски новинар успеа да „провали“ во доверлива видео конференција на министрите за одбрана на ЕУ, откако холандскиот министер за одбрана Анк Бејлфелд случајно објави детали за најавување на видео-конференцијата на Твитер.
Видно изненаден новинарот Даниер Ферлан започна да ги поздравува учесниците, откако сфати дека “упадна” на состанокот.
„Дали знаете дека сте на доверлива конференција“, го праша високиот комесар на ЕУ за надворешна политика и безбедност Хосеп Бореj, пренесува Би-Би-Си на српски јазик.
“Да, да, жал ми е. Јас сум новинар од Холандија. Жал ми е што ја прекинав вашата конференција”, рече Ферлан додека министрите се смееја.
„Одам од тука“, додаде тој брзо.
Борел го праша дали знае дека она што го стори е kaзниво со закон. „Подобро да се најавите пред да пристигне полициjaта“, рече Бореj.
That @danielverlaan hack of the EU defence ministers' meeting? This is how it looked from the inside. Comedy gold. pic.twitter.com/1qvVYKsDpt
— Michiel van Hulten (@mvanhulten) November 20, 2020