Вечерва во Прилеп митинг одржува коалицијата предводена од Владата под називот “За европска Македонија”.
Цели редици колони битолски автобуси, комбиња и автомобили од други градови го преплавија градот, со цел да се исполни дел од градскиот плоштад “Методија Андонов – Ченто”.
Граѓани сведочат дека само мал број прилепчани се одзваа на повикот за гласање на референдумот за промена на државното име.