(Видео) Колку полицајци се потребни? Три екипи cooбраќајци „На прав пат“ се плaшea да пpивeдaт скопјанец

Колку полицајци се потребни за да приведат некого, прашува скопјанец кој бил сведок на драматична неподготвеност на полицијата да дејствува брзо и ефикасно, дури и во случај на сообраќаен прекршок, пренесува Инфомакс.

На снимката објавена на социјалните мрежи може да се види како две екипи на сообраќајната полиција се обидуваат да приведат лице кое најверојатно направило сообраќаен прекршок. Се влечеа, се моткаа околу возилото. Додуша, повеќе прекршителот ги влечеше.

Орудијата како пендрак и лисици, останаа некаде. Едниот од полицајците дури и бараше лисици. Своите не знаеше каде се. За среќа на скопјанецот кој беше предмет на полициската интервенција, никој од полицајците не извади лисици да го приведе.

Извор: infomax.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.