(ВИДЕО) КОЛКУ МОЖЕ ДА БИДЕ ОПАСЕН ОВОЈ СПОРТ: Драма на небото над Будва !

Полицијата на Црна Гора по налог на обвинителството го уапси Драган Чориќ, кој бил организатор на летање со параглајдер во Будва.

Тој вчера бил солушан од обвинителството поради сомнение дека извршил кривично дело “загрозување на безбедноста во воздушен сообраќај”. Одредени му се 72 часа притвор. Основното обвинителство од Котор ја истражува смртта на ДУшан Симовиќ (45)од Србија и Мирјана Микхаил (28) од Египет.

Тие пред два дена му подлегнаа на повредите на пат кон болница, кои ги здобиле за време на принудното слетување во Јаза. Обвинителот истражува како е можно да полетаат од тоа место, кога нема регуларно полетувалиште.

Изјава пред обвинителството дал и инспекторот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, која е надлежна да контролира дали параглајдеристите имаат лиценца, но и дали полетуваат регуларно.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.