Нејзиниот живот е единствен во однос на животот на другите од нејзиниот вид.
Моник заедно со својот најдобар пријател и сопственик, Гирек Суде од Франција, плови околу светот.
Со само 18 години, Суде ја напуштил својата земја и одлучил да се впушти во авантура. Моник ја запознал на Канарските Острови и ја понел со себе во надеж дека ќе му дава јајца, а и ќе му прави друштво.
“Сите ми рекоа дека нема да неси јајца на вода, а камо ли да ги преживее сите патувања, но Моник го покажа спротивното”, вели Суде.
Кокошката покажала дека може да се вози на бродот како професионалец и да фаќа риби кои понекогаш завршуваат на палубата.
Можеби е родена како кокошка, но на Моник очигледно и било судено да биде морепловец.
Таа е првата кокошка која успеала да плови, да вози скејт, санка и скутер, како и воопшто првата кокошка која тргнала на пат околу светот.