(Видео) КОГА ЈАПОНЦИТЕ НАВИВАА ЗА МАКЕДОНИЈА: Илјадници Јапонци скандираат „Македонија, Македонија“ во чест на македонски фудбалер

Навивачите на Нагоја му оддадоа големо признание на македонскиот фудбалски интернационалец Никола Јакимовски. Тие на дуелот со Џубило Ивата на стартот од сезоната го поздравија Јакимовски со десетици македонски знамиња и со скандирање „Македонија, Македонија“.

„Беше неверојатно чувство. Ова беше на првиот натпревар од сезоната против Џубило Ивата. Би му посакал на секого ваков пречек, иако сум во далечната Јапонија, се чувствувам добредојден и како во бајка“, вели Јакимовски во изјава за спортскиот портал „Екипа“.

Утакмицата беше одиграна на 13 март 2013 година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.