Латиноамериканците често пати покажале дека не знаат да го исконтролираат својот бес, а видеото кое ни доаѓа од Венецуела е уште еден доказ за тоа.
Имено, на мечот помеѓу Сентро Домингито и Виктори Бојс линискиот судија буквално претепа фудбалер, кој се обиде физички да го нападне.
Засега не се познати причините поради кои фудбалерот го нападнал судијата, а колку беше гневен и сакаше да возврати со иста мерка, доволно говори видеото во кое се гледа дека за да ги разделат мораше да интервенира и полицијата.