Кога нема да и тргне на Зимската служба, тогаш, тука е секогаш „стариот“ добар теренец на Мерцедес. Рака на срце не е стар туку станува збор за новата „G“ класа, но се нашол на право место во право време.
Се случува и камионите задолжени да го расчистуваат снегот и самите да заглават во него. Видеото е снимено во Босна која деновиве се соочува со вистински проблеми поради снегот.