Лидерот на ЦСУ по состанокот со челниците на коалиционата партија ЦДУ изјави дека е постигнат договор во спорот со мигрантите и дека ќе остане министер за внатрешни работи на Германија.
“По интензивните разговори меѓу ЦДУ и ЦСУ, постигнавме договор за тоа како можеме во иднина да ја спречиме илегалната миграција на границата меѓу Германија и Австрија”, изјави Зехофер по повеќечасовните разговори со канцеларката Ангела Меркел во Берлин.
Тој претходно понуди оставка на двете позиции, ако канцеларката не прифати контрола на границата.
Merkel and Seehofer close to resolving conflict, @BILD reports. Compromise involves setting up closed refugee camps near border with accelerated deportation regime. #MERSEE https://t.co/1dQj8yPUZF
— Matthew Karnitschnig (@MKarnitschnig) July 2, 2018