Љубовта на Клепетан и Малена и понатаму трае. По 17-ти пат, по заминувањето во топлите краишта, познатиот Клепетан и се врати на својата Малена во Бродски Варош, Хрватска. Овој пат, порано од очекуваното.
“Се треси од студ, сеуште не се навикнал на овие ниски температури. Стигна вчера во 15 часот и веднаш изеде два килограми месо кои му ги донесов”, вели Стјепан Вокиќ, пензионираниот домар во подрачното школо во Бродски Варош, кој уште од 1998 година се грижи за заљубениот пар.