(Видео) Ким Јонг Ун свечено отвори нов град – вложи многу пари, а еве што се има во него

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го отвори новиот град Самџијон, монументално градилиште на границата на Северна Кореја, јавуваат денеска државните медиуми.

Градот е сместен недалеку од планината Паекта која според легендата се смета за колевка на корејската нација.

Пјонгјанг вложил огромна сума во проектот за обнова на градот, кој уште не е завршен. Самџијон е главниот град на округот на границата со Кина и според севернокорејската пропаганда е местото на раѓање на Ким Џонг Ил, таткото на Ким Џонг ун.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.