Негативните каматни стапки ги присилувaaт позајмувачите да ги задржат парите во готовина.
Германските банки чуваат толку многу пари, што немаат повеќе слободно место во трезорите, извесува Блумберг.
Во декември минатата година, германските банки имале готовина од рекордни 43.4 милијарди евра, покажуваат податоците од Бундсбанка, пренесува SEEbiz.
“Овие денови е подобро да се чуваат средства во готовина отколку да се остават на Европската централна банка”, изјави Андреас Шулц, кој води штедилница во близина на Берлин.