Руските новинари ја следеа руската вoeна патрола во посетата на напуштената американска база во предградието во Сирија и покажаа на јавноста што оставиле зад себе американските трупи по повлекувањето.
Меѓу новинарите беше и дописникот на официјалниот телевизиски канал на Министерството за одбрана на Русија. Тој го предводеше разгледувањето на базата, која е изградена пред околу 3 години на 7 километри од градот Манбиџ.
Во базата беа сместени околу 300 американски вojници и 15 возила со кои тие патролираа во оваа област.
“Изгледа Американците успеале да го евакуираат само opyжјето и возилата. Меѓутоа, се чини дека тие добро сфатиле кој ќе дојди да ги замени. Ширум базата се поставени различни пораки за Русите”, објасни дописникот кој покажа импровизиран цртеж со орел и со фраза “Америка следи- секогаш следи”.