Во 2014 година на емисијата “24 Анализа” Стево Пендароски изјави дека деценискиот спор за името со Грција не може да се реши без национален консензус, односно без консензус на сите политички партии во државата.
“Сите релевантни чинители, власта и опозицијата, Албанци и Македонци, сите треба да се сложиме што е црвената линија на Македонија. Јас сметам дека ова прашање е толку големо, што не засега сите кои живееме во оваа држава, а особено Македонците, што сметам дека легитимитетот кој власта го има добиено на избори не е доволен. Треба да имаме референдум на кој ќе гласаат повеќе од 50 проценти од граѓаните”.
Во истата емисија Пендаровски посочи дека референдумот мора да биде облигаторен, бидејќи консензуален референдум бил манипулација со граѓаните.