(Видео) Како изгледаат подземните тунели на Илон Маск

Едно од многуте тврдења на Илон Маск беше: “гужва во сообраќај или подземни тунели”, но по се изгледа дека дури и тој не успеа да го реши сообраќајниот проблем во Лос Вегас.

Снимката стана вирална, а на неа се гледа сообраќаен метеж во подземниот тунел на извршниот директор на Тесла во Лас Вегас, за време на главниот настан во индустријата, “Consumer Electronics Show (CES)”.

Вообичаено, шоуто носи огромни толпи додека медиумите и другите засегнати страни се собираат за да ја добијат својата прва шанса во годината да бидат сведоци на нови производи и технологии кои можеби ќе добијат трајно место во секојдневниот живот на човекот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.