Американската полиција успеа да открие тунел во средината на август, а во него биле пронајдени 168 килограми наркотици.
Тунелот се наоѓал под поранешен ресторан за брза храна и една приватна зграда во Мексико, а неговата вкупна должина е 180 метри.
Полицијата запленила 118 килограми метанфетамини, 6 килограми кокаин, 3 килограми фенталин, 13 килограми бел хероин и околу 6 килограми кафен хероин, пренесува “Гардијан”.
Видеото можете да го погледнете ТУКА.