Многу европски градови како Венеција не би постоеле, односно би биле под нивото на водата, како Атлантида на современиот свет.
Доколку двете најголеми ледени површини на планетата би се стопиле, односно едната на Антарктикот а другата на Гренланд, кои заедно имаат повеќе од 6 милиони квадратни километри мраз, ќе бидеме сведоци на природна катастрофа.
Видеото на “Бизнис Инсјдер” покажува што точно би се случило доколку овој мраз се стопи. И да ве предупредиме, последиците не се ни малку пријатни.
Многу европски градови, како Брисел или Венеција не би постоеле, односно би биле под нивото на водата. А што се однесува на Африка и Блискиот исток, Акра, Џеда, сите би исчезнале.
Милиони луѓе во Африка, Пекинг или Токио би морале да се преселат во “внатрешноста” на земјата.
Ф.Г.