Претседателот на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор се ракуваше со мајката најголемиот нарко бос во историјата Хоакин Гузман познат како Ел Чапо, за време на посетата во неговиот роден град, кој долго време беше упориште на картелот Синалоа.
На снимката објавена на Твитер, која трае само 30 секунди, се гледа како претседателот се приближува на автомобилот во кој седеше Марија Консуело Лоера, а кој беше паркиран во предградието Бадирагватоа, ридска општина во сојузната држава Синалоа.
Како што пренесува Гардија, Обрадор и се обратил на мајката од Ел Чапо и и’ кажал дека “го примил нејзиното писмо”, не прецизирајќи за што се работи.
Mexican President Andres Manuel Lopez Obrador visited Badiraguato, Sinaloa, the homeland of Chapo Guzman and several other drug lords coincidently on Ovidio Guzman’s birthday. He shook hands with Chapo’s mom and said that he “received her letter”. #AMLO pic.twitter.com/ZKJihfFxHx
— Francisco Velasco (@FranciscoEfV) March 30, 2020