Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави дека неговите трупи се подготвени да помогнат во задушувањето на бунтот што во Русија го започна Евгениј Пригожин, водачот на платениците „Вагнер“.
Ројтерс пренесува дека Кадиров изјавил дека е подготвен да употреби сурови методи за такво нешто, доколку е потребно.
Се наведува дека во изјавата објавена на неговиот канал Телеграм, Кадиров го нарече однесувањето „нож во грб“, што е термин што рускиот претседател Владимир Путин го употреби и во своето обраќање до нацијата за акцијата на “вагнерите”.
Special forces units of the "Ahmat" Rosgvardia in the Chechen Republic have been deployed to Rostov-on-Don.
PMC Wagner fighters are preparing for battle. pic.twitter.com/dVipaBR9Mb
— 301 Military (@301military) June 24, 2023